речник контакт

Трајче Ковачев со награда за животно дело во спортот

Велешката фудбалска легенда Трајче Ковачев целиот свој живот го посвети на фудбалот

Петар Печков

На свеченоста за избор на најдобрите спортисти на Велес, признание за животно дело во спортот доби велешката фудбалска легенда Трајче Ковачев. Тој е поранешен фудбалер на ФК Борец и повеќе македонски клубови но и на Раднички од Ниш.

Со екипата на ФК Борец во сезоната 1988/9 станува републички првак и се пласираше во повисок ранг, Трета лига -Југ. Тој е и автор на повеќе пишани трудови од областа на фудбалот.    

Младите кои се бават со спорт, само така можат правилно да се воспитаат, образуваат и станат  почитувани граѓани, да се докажат. Драго ми е што наградата ја добив од мој бивш ученик Панче Ќумбев кон направи одлична кариера, уште повеќе што по неговите стапки трка големиот фудбалски талент Енис Фазлагиќ. Преку спортот и преку сите генерации кои ги тренирав научив најмногу   - рече Ковачев, кој е пензионер,  заблагодарувајќи се на наградата.     

АНКЕТА »

2018-та е зад нас. Како ќе ја помните?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »