речник контакт

Трајче Михов победи на ултра маратон во Белград

Тој за 12 часа истрча 131 км, што е нов македонски рекорд

Петар Печков

На 8-ми март во Белград се трчаше трката Маратон на маратоните. Во трката на  12 часа победи велешанецот Трајче Михов при тоа   поставувајќи нов рекорд на ултра маратонот  од претрчани 131 км. Ова е и нов рекорд на Македонија.

Досегашниот рекорд и на Македонија и на патеката во Белграа го држеше исто така велешанецот Зоран Димов со претрчани  129,8 км од пред две години. Организаторите на трката не ја пропуштија можноста да му посакаат скоро оздравување на Димов.

Во женска конкуренција  победи истo така Македонка Тања Стојановска со претрчани 108 км.

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »