речник контакт

Трибините на Градски непроодни од трева

Надлежните уверуваат се работи етапно, сега е на ред на уредување на соблекувалните

Петар Печков

Почетокот на новата фудбалската сезона, не ги пречека подготвен гледачите Градскиот стадион во Велес.  Во средата, средбата од 16 финалето на купот на Македонија, помеѓу домаќинот Превалец и гостинот прволигашот Силекс, поголемиот дел од трибините,местата за посетителите беше обраснат во густа , бујна трева. Таа на места достигнуваше и метар, па гледачите можеа да се сокријат во неа. Попатно и да заглават во калта од водата од природните чешми, кои ги има во изобилство.

 Вака не помнам кога било. Секогаш пред почетокот на натпреварувањата, ќе дојдеа ќе ја искосеа тревата, сега  ништо. Од густата вегетација, пред некој ден на тренинг, зад еден од помошните голови, од спротивната трибина, имаше змија -вели редовен посетител, поранешен фудбалер на  Борец.  

Пролетва на еден дел од трибините беа поставени пластични столици, но за да се стигне до нив мора да се мине по целата должина на стадионот, и повеќе пречки, вода, кал, трева. Минатата годиан се  постави вештачка терва како терерн,  а остана да се уредат трибините и клупските простории.  Градоначалникот најавува дека се ќе биде решено, но треба време и побара трпение. 

 На Градскиот стадион имаме градежни активности. Континуирано се работи таму, бидејќи немаме толку средства за во еден зафат се  да решиме.  Деновиве тие се одвиваат во зградата каде се соблекувалните. Се уредуваат, се преградува просторот според УЕФА критериуми. Потоа се продолжува со уредување на тунелот од соблекувалните до теренот. Потоа ќе продолжиме со трибините. Сега сме во потрага на нови столици, за да се заврши оваа трибини.  До година ќе одиме со јавно приватно партнерско за уредување на трибините од страната на Градскиот парк. Инвеститорот ќе го добие под трибинскиот простор за ќе треба да ги уреди трибините - изјави градоначалникот Чадиев.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »