речник контакт

Триестина верници се крстија во Бабуна

По петти пат Повардарската епархија организираше групна бесплатна крштевка

Петар Печков

Во реката Бабуна денес на верскиот празник Св. Козма и Дамјан  се изврши групно крштевање на триесетина верници. Ова е петта година  по ред откако  на вакво начин се предаде светата тајна – крштевањето.  Организатор на групната крштевка е Повардарската Епархија на МПЦ и тоа е бесплатно. Крштевката е моментот, кога верниците според верата се соединуваат со Бога.

Овој чин  е влез во  црквата, за да може потоа секој човек да ги ползува  сите световни моменти. Овие верници денес добија  закрилник - ангел чувар кој ќе ги пази во нивниот живот.  Тие од денес се членови на Светата православна црква со сите права и обврски, кои денес ги прифатија. Традиција ќе продолжи и наредната година, за секој кој не е крстен да може да пристапи кон Христовата вера  -изјави Ристе Јанушев протојереј  свештеник од велешкото намесништво на Повардарската Епархија на МПЦ.

Ако претходните  години имаше по стотина лица кои беа крстени, годинава бројката е осетно намалена  а од Повардарска епархија објаснуваат дека тоа е така оти   се помалку имало некрстени во општината. Верниците кои се крстија беа на различна возраст од половина година до шеесетина и фазла. Меѓу нив имаше и едно семејство сопруг, сопруга и ќерка кои заеднички се крстија. Повеќето од нив, пред се повозрасните велат дека причината што не биле крстени е што во времето кога раснеле, владеело едноумието и атеизмот.

Верник сум одамна, но поради тоа што моите родители живееле во друг систем и време не ме крстиле. Никогаш не е доцна оваа грешка да се исправи. Чувството е возвишено, со верба со дух и сум ногу среќен – рече Блаже Темов адвокат од Велес. Слични чувства и желба имала и велешанката  Блага . Таа иако баба со внуци кои се крстени в црква, сега  го стори овој чин за неа.

Времето кога бев родена беше друго време. Сега дојде до пресврт, луѓето веруваат во црквата и Бога. Имав долго време желба да се крстам и сега го сторив тој чин. За прв пат во животот направи нешто сама за себе и многу сум среќна што на овој ден ми се случи многу значаен момент во животот – Блага Блажова.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »