речник контакт

Три илјади евра проценка на штетите од невремето во април

Двеста илјади денари е проценката од штетите кои настанаа на земјоделските култури, поради излевањето на реката Вардар во велешко и невремето кое се случи при крајот на месец април.

Петар Печков

 Ова е проценката која ја изготви општинската комисија а ја усвои Советот на општина Велес. Истата ќе биде препратена до Владата, која ќе одлучи со колку пари ќе им помогне на оштетените земјоделци во велешко. На површина од чест  хектари пријавени се штети на пченица,  јагоди, компир, кромид, морков и грашок. 

Дел од територијата на општина Велес во периодот од 18 до 23 април  годинава во неколку наврати ја зафати невреме проследено со обилни врнежи од дожд, кој предизвикаа поплави и направија големи штети на земјоделските култури во населените места Речани, Башино село и Горно Оризари. Најголемите штети се предизвикани во КО Речани каде што градинарските насади се уништени 100%.

Комисијата и Советот на општина Велес  побараа од Владата чистење и санирање на поројницата, каналот, што мине на дел од овие парцели како и чистење на коритото на реката Вардар, за да не се повтори ваквата ситуација.

Претходно Владата ги обештети жителите од велешко од невремето лани во август, со 15 отсто до проценетата вредност.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »