речник контакт

Три илјади мотористи ги следеа Суперхик и Паркети во живо

Концертот беше во рамките на мото забавата кој саботата вечер се одржа во Велес

Петар Печков

Три илјади посетители  и околу 1,2 илјади мотори присуствуваа на големата рок забава која се одржа во саботата вечер  на кампингот од Мотелот Македонија покрај Велес. Ова беше во рамките на мото забавта која собра мотористи не само од Македонија туку и од соседните земји. На големиот рок концерт настапија Суперхикс, Паркети,   The Beats  и Shine.

Имаше одлична забава, дружење, многу гости. Концертот беше за паметење бидејќи бендовите не кренаа  на нозе и пет часа не забавуваа. Годинашниот мото собир кој беше насловен ,,Носи кацига биди безбеден” имаше повеќе содржини преку целиот ден. Мотористи се натпреваруваа во спретно возење а за најдобрите имаше и награди изјави д-р Горан Јовиќ претседател на МК Носачи на крстот  од Велес.

Тие како клуб  организатор се оградуваат  тепачката која се случила во текот на возењето и дефилето низ  градот. Оваа мото забава според организаторот  важи за најпосетуван домашен мото собир.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »