речник контакт

Три лица од Горно Јаболчиште во домашна изолација, оти патувале со заболените дебрани

Во домашна изолација ќе бидат до крајот на неделава

Петар Печков

Во Велес нема лица кои се  во домашна изолација поради контакти со лица кои имаат корона вирус.   Но затоа ги има во Горно Јаболчиште. Тие патувале со автобусот, во кој беа и двајцата сопружници од Дебар.  

Имаме три лица кои се  во домашен карантин. Тие се од Горно Јаболчиште, кои ќе бидат  во домашна изолација до крајот на оваа недела - изјави епидемиолог прим. д-р Билјана Трајкова.  Таа е  задолжена за следење на состојбата со корона вирусот во регионот на Велес и соседните општини.  

Двајцата сопружници  од Дебар, со кои патуваа во ист автобус од Италија овие жители на Горно Јаболчиште,  се заболени од корона вирус и се на Инфективна клинка во Скопје.  Тие  биле во стабилна состојба но поради возраста се во ризична група.

Надлежните апелираат доколку некое лице има симптоми на корона вирус, да се јави во Центарот за јавно здравје, никако да го посетува матичниот доктор или да оди во Итната помош. 

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »