Петар Печков
Објавено: среда, 23 септември 2020
Три нови случаи на позитивни на ковид-19 се регистрирани изминатото деноноќие во Велес, оздравен нема, се податоците од Министерството за здравството. Така бројот на активни случаи во велешко изнесува 38 лица.
Досега во поширокиот велешки регион се заразени 312, оздравеле 259 лица а починати се 15. Два од новите случи се жени, кои се на домашно лекување. На Инфективно одделение се 11 пациенти а дома 27 пациенти.
Хоспитализирани на Инфективно одделение се 17 пациенти, од нив 16 потврдено позитивни и за еден се чекаат резултати, два пациенти со негативни резултати се пуштени дома.
Tweet |