речник контакт

Три споменика за три години за три велешки дејци

Општина Велес во наредните четири години со поставување на три споменика на тројца значајни македонски дејци ќе ги одбележи јубилејните години на Џинот, Димитрие Чуповски и Петар Поп-Арсов.

Петар Печков

Општина Велес во наредните четири години со поставување на три споменика на тројца значајни македонски дејци ќе ги одбележи јубилејните години на Џинот, Димитрие Чуповски и Петар Поп-Арсов.

Советот на општина Велес со цел афирмирање на културно-историското минато и дејците кои твореле во градот и сочувување на културно историскиот идентитет донесе одлука за подигање на споменици  три личности кои го задолжиле градот и Македонија.

\"\"

Во 2011 во близина на новата театарска зграда ќе биде поставен споменикот на Јордан Хаци Константинов Џинот со што ќе се одбележат 190 години од неговото раѓање и 130 години од смртта на основоположникот и основачот на драмската уметност во земјава и на првото класно училиште во Македонија. За 2013 кога ќе се навршат 135 години од раѓањето на Димитрие Чуповски е планирано да се постави споменик на  неформалниот основач на МАНУ кој борбата за Македонија ја водел на културно поле во Русија. Во истата година е планирано да се подигне споменик на Петар Поп Арсов револуционер, автор на првиот устав на ТМОРО. Сите овие три споменика ќе бидат изработени од бронза или мермер а комплетно ќе бидат финансираи од локалниот Буџет, донации и спонзорства. Локалната власт реши скулпторските дела кои изминатите години се создавани и во иднина ќе се створат на колонијата „Папрадиште“ да ги постави на јавно-прометните површини, на очите на јавноста. Со предлог програмата предвидено е да се постават и скулптури на видрата – маскота и афионот заштитниот знак на Велес. Исто така во план е и поставување на биста на првоборецот- партизан од НОВ Шефки Сали а по барање на граѓаните од ромската националност.

\"\"

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »