речник контакт

Три театарски претстави на велешки театар, годинава поддржани од Миниcтepството

Од театарот најавуваат двојно повеќе претстави од нивни средства за оваа 2018-та година

Петар Печков

 Министерството за култура ја објави годинашнава програма. Со неа Центарот за култура и  уметност  ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,, како што му е насловот,  е поддржан со три претстави.  Тоа се „Лисистрата“  од Аристофан во режија на Еременецот Хакоб Казанчјан,  ,,Ревизор“  од  Гогољ во режија на  Јани Бојаџи и ,,Сомнително лице“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Венцислав Ристов. 

 В.Д. директорот Младен Крстевски најави дека годинава публиката ќе види уште шест други претстави работени од сопствен Буџет. Веќе е започната работата на претставата ,,Кралски копилиња,,  по текст и режија на Сашо Димоски и детската претстава ,,Заспаниот Супермен,, во режија на Младен Крстевски.  Крстевски најави дека ќе работат две претстави според текст на Југослав Петровски ,,Салома,, во режија на Благојче Божиновски и ,,Елешник,, во режија  на  Елеонора Теова. Во план е и ,,Госпоѓа министерка,, на  Нушиќ во режија на Софија Ристевска и уште една детската  претстава за крајот на годината.   

Претставата  „Лисистрата“  од Аристофан во режија на Еременецот Хакоб Казанчјан, ќе има премеира на локалитетот ,,Стоби,, каде ќе се одигра и    ,,Кралски копилиња,,  по текст и режија на Сашо Димоски.   

АНКЕТА »

2017-та е зад нас. Како ќе ја помните?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »