речник контакт

Тројца велешани за сефте на Медитеранските игри

Богдановски во пливање, Ефремов во атлетика, Петров во велосипедизам

Петар Печков

Македонија за прв пат ќе учествува на најголемиот собир на спортистите од регионот Медитеранските игри. Тие годинава ќе се одржат од 20 до 30-ти јуни во турскиот град Мерсин. Ова се 17-ти по ред натпреварувања каде ќе учествуваат 24 земји во 27 спрота, со околу 3,5 илјади спортисти.

Меѓу нив ќе бидат и тројца велешани, во поединечните натпревари: Ана Богдановски во пливање, Кристијан Ефремов во атлетика и Костадин Петров во велосипедизам.  ТРМР им посакува добри резултати. Македонија ќе има  околу 125 во 16 поединечни и во четири екипни спорта. На ова треба да се додадат уште 30 тренери и членови на делегацијата, па македонската делегација во Мерсин ќе брои над 150 лица.

Веќе беше извршено и ждребувањето за екипните спортови каде Македонија ќе се натпреварува. Фудбал: Македонија е во група Б со Италија, Либија и Тунис. Ракомет мажи група Ц Турција, Хрватска, Македонија и Италија. Ракомет жени група Б Црна Гора, Хрватска,  Италија и Македонија . Кошарка мажи група А Турција, Македонија, Египет и Алжир. Одбојка мажи група Б Тунис, Италија, Македонија и Алжир.

Во овој турски град, домаќин на Медитеранските игри настапува во тамошниот ракометен клуб голманот, велешанецот Виктор Гигов. Тој за посетитлките на ТРМР испрати неколку фотографии од градот и салите.

Мерсин е подготвен са овие игри и сите објекти се веќе завршени. Домаќините напорно работеа и сигурно дека тие ќе бидат успешни. Се надевам дека и македонските спортисти ќе не израдуваат – вели Гигов.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »