речник контакт

Тројца велешани уапсени во ,,отпад,,

Криминална група “бизнисмени“ затаиле данок во вкупен износ од 75 милиони денари, Сите завршија во притвор

Петар Печков

Министерството за внатрешни работи ја реализираше Оперативната обработка „Отпад“ со која е откриена и разбиена криминална група која подолг период наназад и нанесувала двојна штета на државата и тоа од финансиски аспект преку затајување на даноци и од аспект на стимулирање на незаконската трговија со железо и метални производи, односно поттикнување на зачестените кражби на метал.

Во акцијата  наречена отпад уапсени се и тројца велешани Д.С.(35), основач и управител во друштвото „СТОЈАНОВСКИ РЕЦИКЛИНГ“ ДООЕЛ, Л.Д.(35) поранешен управител во „ГЛОБАЛ МЕТАЛ СКРАП“ ДООЕЛ, Д.Ш.(36), управител во друштвото ГЛОБАЛ МЕТАЛ СКРАП ДООЕЛ. Тие зеднбо со останатие 11 лица осомничени за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ чл.394 и „даночно затајување“.Против правното лице „ГЛОБАЛ МЕТАЛ СКРАП“ ДООЕЛ од Велес е поднесена кривична пријава за  сторено кривично дело „даночно затајување“ по чл.279 од КЗ на РМ.

Осомничените во 2010-тата основале повеќе правни лица (ТАДИЌ РИСАЈКЛИНГ, СТИЛВОРК, ОТПАД МАЦЕ) каде што како основачи и управители во Ценралниот регистар на РМ запишале лица со низок материјален статус, а со истите фактички управувале организаторите на криминалната група. Овие правни лице биле користени за изготвување лажни фактури за плаќање на извршен “наводен“ откуп на отпадно железо со пресметан ДДВ.

Со лажните фактури се покривал откупот на отпадно железо кое го вршела криминалнта група “на црно“ за кое плаќањето се вршело во готовина надвор од платниот промет. Со плаќањето на лажните фактури на сметките на наведените правни лица се обезбедувал прилив на поголеми износи на парични средства кои се подигани како готовина и користени за набавка на нови количини на отпадни суровини од дивите собирачи надвор од платниот промет – “на црно“.

Со ваквиот начин на користење на правните лица НИКОЛЧЕВ ГРУП ДООЕЛ, ГЛОБАЛ ИНТЕРНЕШЕНАЛ ДООЕЛ, БМ МАМУДОВСКИ МЕТАЛ ГРУП ДООЕЛ, АЛУЧЕЛ ДООЕЛ, ОТПАД МАЦ ДООЕЛ, МЕТАЛ ПРОЦЕС ТЕРМ ДООЕЛ, МАЕСТРАЛ ПЛУС ДООЕЛ, СТИЛВОРК ДООЕЛ, ТАДИЌ РИСАЈКЛИНГ ДООЕЛ, НИКА СКРАП ДООЕЛ и ТП ДАСТО 2012, злосторничкото здружение успеало да затаи ДДВ во вкупен износ од 54.466.589 денари и персонален данок во вкупен износ од 20.660.137 денари, односно по двата основи да затаи данок во вкупен износ од 75.126.796 денари.

 Сите 14 члена на оваа група по барање на обвинителството, истражниот судија ги испрати во Шутка.

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »