речник контакт

Тројца млади велешани спасиле жена која сакала да скокне во Вардар

По овој чин децата си заминале дома

Петар Печков

Тројца млади  велешани спасиле жена да не скокне во реката Вардар и се самоубие а потоа заминале дома. Јавноста во градот по потрага по хуманите сограѓани, нив ги нема.   Настанот се случил вчераутро ( среда) во четири часот на Стар мост.  В.Д. ( 49 год)  била  на надворешната страна од  мостот и подготвена да се фрли во надојдениот Вардар.  Сведок бил железничар, коа работи на обезбедување на железничкиот премин.

Околу четири часот бев надвор од просторијата и чекав да мине воз, кога слушнав гласно  викање и некаква гужва. Приметив тројца тинејџери како стојат на оградата на мостот. Мислев дека децата се прибираат од забава, сега се актуелни матурските вечери и  не обрнав многу внимание на нив. Но набргу дојде брз помош и полиција и тогаш ја видов жената како ја сместија во амбулантното возило. Полицијата и докторите заминаа а тројцата тинејџери, не постари од 18 години, кон дома. Дали отидоа во правец  кон Св. Спас или кон Црна Џамија не видов, но знам дека беа многу млади и очигледно смели и човечни,  кога се решија да ја одвратат  жената од чинот  – вели железничарот кој минатата ноќ бил на смена. 

Младите  се обиделе да ја  разубедат жената да не скока,  разговорот траел подолго, но тоа не помогнало, по што  едниот од децата  успеал дај ја фати и  физички да ја префрли преку оградата и покрај  нејзиното противењето. По ова била повикана брза помош а В.Д. е сместена во нервното одделение на велешката болница. Засега нема информации ниту кој ја спасил жената, ниту зошто таа сакал да скокне во реката. 

Соседите од околните куќи не го виделе настанот, оти бил многу рано, но се сеќаваат дека претходен ваков обид за самоубиство со скок од Стариот мост бил пред десетина години на девојка, која скокнала а ја спасиле случајни минувачи и кајакари.
       

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »