речник контакт

Тројца пожарникари заминаа во пензија

Луѓето кои спасиле многу животи и добра, Илчев, Таневски и Арсов отсега ќе мируваат

Петар Печков

Тројца велешки пожарникари од неодамна заминаа во пензија. За нив беше одржана мала свеченост, од  страна на локалната власт, како благодарност за се што сториле во нивниот  работен стаж кој изнесува 37 години (бидејќи е бенефициран).  Службата која без малку четири децении ја работеа, сигурно успешно ја завршија - сите со по  најмалку еден спасен човечки живот.  

Наќо Илчев: Има многу случаи, кои не можам да ги опишам. Не се уморив  од работата, ја дочекав  пензијата и со крената глава заминувам.  Тие што сум ги спасил, тие помнат. Едно знам на човек кога му е најтешко тогаш треба да му помогнеш. 

 Владо Таневски: Нашата работа е поврзана со трагични моменти. Одиме спасуваме луѓе, спасуваме имот.  Најголем успех е секој спасен човечки  живот а имало такви моменти. Со тоа што го располагаме, како опрема сторивме многу за велешани.   

 Златко Арсов: Имаме многу настани, не можеме да се сетиме на секој, на сите. Нашите интервенции не се така чести, но кога имаме работа, тоа е ризично и опасно и нашите животи биле загрозени. Најтешки се моментите кога вадевме луѓе од сообраќајки и кои  останале живи.  Тоа не` исполнуваше, до крајни граници. Нашата работа можеби не е  така ценета, но знаеме дека многу  пати сме помогнале. 

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »