речник контакт

Турско ракометни дерби, со велешки актери

Во Истанбул, Гигов подобар од Мисовски, Једи Тепи – Мерсин 28:30 ( 10:13)

Петар Печков

Во дербито на осмото коло од Супер лигата на Турција во ракомет во понеделникот вечер се сретнаа екипите на Једи Тепе(каде настапува репрезентативниот голман Мисовски) и Мерсин (на  велешаните Виктор Гигов и Ивица Лазаревски).

Во возбудлив и интересен нaтпревар  кој се играше во Истанбул, а се следеше во Велес  во кафулето ,,The end,,  победи екипата на двајцата велешани со два гола предност 30:28 полувреме 13:10.

Гигов имаше 12 одбрани во првото полувреме и два одбранети седмерци додека во вторите 30 минути десет одбрани. Ивица Лазаревски во второто полувреме даде четири гола. Мисовски кој немаше свој ден бранеше на голот на Једи Тепе до 40-тата минута. По ова осмо коло Мерсин е осми од 13 екипи  со три победи од седум натпревари.

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »