речник контакт

УЈП нема повеќе да доставува сметки за радиодифузна такса

Граѓаните и фирмите последна платена сметка треба да им е заклучно со септември 2017-та

Петар Печков

Согласно Законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги („Службен весник на РМ“, бр.132 од 20.09.2017 година), со кој се укинува радиодифузната такса, ја информираме јавноста дека со доставата на Решенијата за месец Септември 2017 година, Управата за јавни приходи ќе прекине со достава на Решениија за утврдување на оваа јавна давачка.

Граѓаните и фирмите (обврзниците за РДТ) имаат обврска да извршат плаќање на сите заостанати долгови по Решенија за РДТ за периодот Јануари 2011 година заклучно со Септември 2017 година.

За сите специфични случаи, а со цел уредно затворање на финансиските картици кои УЈП ги води за обврзниците на РДТ (граѓани и фирми), ќе бидат објавени дополнителни информации на веб страницата на УЈП.

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »