речник контакт

Уапсени петмина велешани поранешни и сегашни судии, обвинител, газда на кафана

Полицијата официјални информации најави за подоцна, вкупно се уапсени деветмина, четворица се скопјани. Меѓу нив не е како што објавија некои портали адвокатот Коста Нојков

Петар Печков

Рано утрово во шест часот во акција на Организиран криминал уапсени се петмина велешани, еден сегашен судија, двајца поранешни судии, сега адвокати, еден јавен  обвинител и еден газда на кафеана близу бензинската на  Брако.   Во ова акција  има уапсени и четворица во Скопје еден новинар, еден поранешен судија на Врховен суд и познат член на  скопското подземје.  Делото се работи во Скопје во Основен суд еден. Полицијата најави дека подоцна ќе  излезе со официјална информација. 

Уапсениот судија го водеше судењето  за убиството Ореше, обвинителот го застапуваше обвинието во овој предмет, адвокатот беше претходно истражен судија  во предметот убиство во Ореше. Сопстеникот на кафеаната не е Софра а петиот уапсен  е адвокат, поранешен судија кој водеше стопански предмети.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »