Петар Печков
Објавено: петок, 23 јануари 2026
На Водици полициски службеници уапсиле три лица од неготинско, поради лов на подрачје кое не е ловиште, а меѓу уапсените бил и полицаец. При претресот ан еден од уапсентие освен ловечки патрони, пронајдена била и амрихуана и дробилка. Деталите од соопштението ан СВР Велес.
„На 19 јануари во периодот од 10:30 до 10:55 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михалово при Регионален центар за Гранични работи Југ ги лишија од слобода М.З.(31 год), полициски службеник од Неготино, К.Т.(29 год) и Б.П.(28 год), двајцата од село Тимјаник, неготинско. При вршење службени дејствија во атар на село Копришница, демиркаписко, на место каде што нема концесија за лов, односно забранет е лов, полициските службеници ги забележале лицата како излегуваат од патничко возило „лада нива“ со ловечка пушка, а откако се оддалечиле од возилото слушнале повеќе истрели од огнено оружје. Откако се вратиле, лицата се лишени и задржани во полициска станица, при што од М.З. е одземена ловечка пушка „Хуглу“ со патрони. Исто така, полициски службеници од ОВР Неготино, со судска наредба, извршиле претрес во викенд куќа што ја користел К.Т. во атар на с.Копришница, каде биле пронајдени и одземени ловечки патрони, марихуана, дробилка и останати предмети“ – соопшти Ана Милевска Ѓорѓиева, портпарол на СВР Велес.
За случајот бил известен и јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
фото интернет
| Tweet |




