речник контакт

Уапсено лицето од село Пепелиште кое се сомнева дека сторило сообраќајна несреќа со смртни последици и побегнало

Жената починала на лице место

Петар Печков

Со комбе удрил во пешак и побегнал
Неготинската полиција го идентификувала и уапсила лцието, за кое постојат сомненија, дека извршил сообраќајна незгода со смртни последици, по која побегнал.

„По преземени мерки и активности, на 4 декември  полициски службеници од ОВР Неготино го пронашле Д.С.(55 год) од село Пепелиште, неготинско. Со него бил извршен службен разговор во полициска станица поради сомнение дека на 3 декември околу 17.30 часот на регионалниот пат село Пепелиште - Неготино, на место викано „Лака“, со товарно возило „цитроен џампер“ со неготински регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во 75 - годишната А.А. од село Пепелиште и го напуштил метото. Од здобиените повреди А.А. починала, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт“- соопшти Биљана Ѓаковскаа, портпарол на СВР Велес
Увид на местото на несреќата извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Неготино.

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »