Петар Печков
Објавено: петок, 19 мај 2023
Во текот на вчерашниот ден, 18 мај, четврток, во Скопје уапсен е велешанец кој бил баран за издржување казна затвор поради силување.
„На ул.„Јани Лукровски“ во Скопје, полициски службеници од тим потраги од Одделението за криминалистички работи при ЕБР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Н.Д.(25 год) од Велес. Тој бил барано по централна потерница врз основа на наредба на Основен суд Велес за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело по член 186 од Кривичниот законик“ - соопштија од МВР.
Осуденикот било предаден во надлежната казнено -поправна установа за издржување на изречената казна од страна на судот.
Tweet |