речник контакт

Уапсен велешанец кој превезувал мигранти, сите биле од Куба

К.С. (63 год) бил уапсен во Гевгелија

Петар Печков

Саботата вечер, во близина на Гевгелија уапсен велешанец кој превезувал мигранти. Во неговото возило биле пројадени седум лица,  сите биле од Куба

„На 14-ти август  во 21.30 часот во близина на фабрика на ул.„7 Ноември“ во Гевгелија полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода К.С.(63) од Велес, кој управувал патничко возило „форд галакси“, со велешки регистарски ознаки. При извршена контрола во возилото биле пронајдени седум мигранти од Куба’ - соопштија од МВР.

Од полицијата дополнуваат дека во координација со Јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција против К.С. ќе биде поднесена кривична пријава, а лицата -мигранти се  сместени во Транзитниот центар Винојуг - Гевгелија за понатамошна постапка.

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »