речник контакт

Уапсен велешанец кој превезувал 31 мигрант

Во неговиот камион превезувал лица од Пакистан и Индија

Петар Печков

Регионалниот Центар  за Гранични работи  Југ поднесе кривична пријава против Д.И. (21) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

Според граничната полиција на  23 мај  годинава во 5.50 часот  од страна на мешовит патролен  македоснко - словенечки тим на автопатот помеѓу село Прдејци и село Смоквица било забележано  камион  „Рено“.  

При обидот да биде извршена контрола над истото, возачот застанал и веднаш се дал во бегство. Подоцна тој бил фатен по што му е поднесена кривична пријава.

При прегледот во возилото пронајдени се 31 мигрант, 28  од  Пакистан и три од  Индија со нелегален влез од Р.Грција во Р.Македонија.

По затворањето на границата на Македонија за миграните, порасна нивниот илегален превоз. Во ваквата незаконска работа, уапсени се повеќемина велешани, кои печалеа на маката на бегалците.

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »