речник контакт

Уапсен велешанец со 167 грама хероин

А.К.(23 год) е откриен во стан во Скопје

Петар Печков

Секторот за внатрешни работи Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против А.К.(23) од Велес поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги“.

На 03.04.2019, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Скопје во содејство со полициски службеници од Одделот за крим полиција извршиле претрес во стан каде привремено престојува пријавениот на ул.„23-ти Октомври“ во Скопје.

При претресот биле пронајдени и одземени вкупно 24 пакувања со 167 грама марихуана и повеќе предмети со остатоци од марихуана, кокаин и амфетамин. Пронајдени биле  и две ваги и други поситни предмети со траги од различни дроги и психотропни супстанции – амфетамин, кокаин и тетрахидроканабинол. А.К. бил лишен од слобода.

АНКЕТА »

Какви специјалистички здравствени услуги користите?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »