речник контакт

Укината ослободителната пресуда за синдикалистот Даневски

Во сообраќајката кај Лозово, кога излета со служениот автомобил загина негов колега кој бил сопатник

Петар Печков

 Апелациониот суд од Штип ја укина првостепената пресуда, со која  претседателот на Агро синдикатот Живко Даневски (64 год) од Скопје беше ослободен од вината за сторената  сообраќајка, во која почина едно лице, сопатник во возилото.Сообраќајката се случи кај Лозово.

Апелација Штип  констатирала дека од причините кои ги дава Основен суд Свети Николе,  произлегува дека пропустите на обвинетиот при управувањето на возилото се главната причина за настанување на сообраќајната незгода, а од друга страна го ослободува Даневски од обвинение.

Во пресудата пишува дека ,,причината за настанување на сообраќајната незгода е невнимателното  управување со возилото од страна на обвинетиот со брзина од 107,48 км/ч кога обвинетиот ја изгубил контролата над автомобилот и слетал надвор од коловозот,,. Даневски е обвинет за кривичното дело  ,,тешки дела против  безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Сообраќајната незгода излетувањето на автомобил марка ,,Шкода Супер Б,, се случи на  31.-ви март лани, околу 15,10 ч на магистралниот пат Велес- Штип, близу Лозово. Иако патот бил  сув и чист,  автомобилот излетал во  кривина. Од здобиените повреди починал сопатникот, колегата на синдикалистот Љубомир Митев. 

Според обвинението во моментот на слетување возилото се движело со брзина од 107,48км/ч, истото се превртело неколку пати на кровот и пак застанало  на тркала, од кое превртување со тешки телесни повреди на главата  се здобил сопатникот Митев и го загубил животот на лице место. Даневски  кога го управувал возилото не поседувал алкохол во организмот  било  утврдено со анализа на крв и урина. 

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »