речник контакт

Укинати се три воза од и за Велес

Македонски железници укина три воза кои сообраќаа на релацијата Велес - Скопје и Скопје - Гевгелија.

Петар Печков

Македонски железници укина три воза кои сообраќаа на релацијата Велес - Скопје и Скопје - Гевгелија.

Со одлука на УО на МЖ времено нема да сообраќаат возовите 8931/8932 на релација Скопје - Велес - Скопје, кои тргнуваа во 7,35 од Скопје и 8,58 од Велес, како и 3901 кои сообраќаше до Гевгелија со тргнување од Скопје во 11,50 часот.

Наспроти реакцијата на граѓаните дека за истите имало интерес, од МЖ велат дека причина што овие возови не сообраќаат е малиот број на патници.

Од МЖ подолго време најавуаат дека ќе се редуцира и железничкиот сообраќај кон Битола.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »