речник контакт

Укинат приградски и градски автобуски превоз

Неколку илјади жители на регионот на Азот и повеќе велешки села останаа без приградски а велешани без градски автобуски превоз, откако Тедико Транс Интернационал преку ноќ ги укина линиите кон овие населени места и единствената градска линија.

Петар Печков

Неколку илјади жители на регионот на Азот и повеќе велешки села останаа без приградски а велешани без градски автобуски превоз, откако Тедико Транс Интернационал преку ноќ ги укина  линиите кон овие населени места и единствената градска линија. Десетина населени места во општина Чашка и општина Велес се отсечени од светот и оставени на милост на дивите такси превозници. Превозникот со писмо информирал дека на овој чекор е приморан бидјеќи има финансиски проблеми, нема средства за работа, ниту исплатени плати за работниците кои поради тоа одбиваат да возат. Известувањето е пристигнато до надлежните во општина Велес на 30-ти јуни, ден пред да сопре сообраќајот.

Не ставија во многу тешка позиција, да го решиме проблемот во минута до дванаесет. За да распишеме и реализираме тендер ни требат две недели а што дотогаш со луѓето кои живеат во овие населени места. Тие треба да стигнат до дома или работа а превоз нема. Затоа бараме алтернативни решенија за да не се почувстува овој огромен проблем – вели Аце Коцевски, градоначалник на Велес.  Како можно решение, се до доделувањето на линиите по новиот тендер, неофицијално се најавува, дека превозниците од општината ќе ги одржуваат линиите, но иако тие немаат лиценца надлежните инспекции во овој период нема да ги гонат, во интерес на граѓаните, да не останат без превоз. Во овој меѓупростор, царуваат дивите таксисти а цената на услугата скокна десеткратно.

Бидејќи Тедико Транс повеќе не ја одржува линијата до новите Градски гробишта во село Раштани,наместо 25 денари колку што тој наплатуваше, сега таксистите ни земаат и до 250 денари, во зависност од кој дел на градот возат – вели Милан Стојанов, велешанец кој секој ден да ја посетува оваа локација. Слична е состојбата и со неколкуте села, каде имаше приградска линија. Повеќе не сообраќа ниту градскиот превоз, кој откако функцинираше три години, создаде навика кај велешани да се возат за 20 денари од  едниот крај на градот -Долни Дуќани до другиот дел – Тунел. И додека општина Велес добила информација за новонастанатата состојба, надлежните од општина Чашка воопшто не биле информирани. Лините кон четирите населени места, кои ги поврзуваа со Велес, две седмици биле во прекин.

Тедико Транс, со кого потпишавме спогодба на 1-ви фебруари годинава, не најде за потребно да ни го најави овој чекор. Две недели жителите на Чашка, Јасеново, Мелница и Лисиче, се снаоѓаа како знаат и умеат. Во овој период распишавем тендер и од денес  автобускиот превоз е повторно воспоставен – вели Бојанка Мирова од општина Чашка.  Но маките на патниците не завршуваат тука, бидејќи во обидот да дознаат за новонастаната ситуација, за откажувањето на градскиот и приградскиот автобуски превоз, тие не можат да дојдат до информација. Поради неплатени сметки на Автобуската станица во Велес, нивниот телефон година и половина е исклучен, не работи.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »