речник контакт

Украл пари од месарница, бегал низ Дворови, скокнал во Вардар, па барал помош да не се удави

Лицето А.К. (45 год) украло пари од месарница во центарот на Велес

Петар Печков

Крадец, кој украл пари од месарница во Велес, откако бил откриен, бегајќи се фрлил во Вардар, па барал помош за да не се удави. Ова не е филмска приказна, туку настан кој се случи во петокот вечерата во централното градско подрачје.   Полицијата потврди дека крадецот е фатен а случајот расчистен. Според сведоци кои учествувале во  фаќањето на крадецот, се било како во филм. 

Вработениот во месарницата беше излезен надвор а влезе некое лице и за кратко испадна од дуќанот. Кога вработениот нешто го праша и се обиде да го сопре, тој почна да бега. Истрча преку блиската железничка рампа и низ месноста Дворови траеше бркотница. Преку еден од сокаците, тој стаса до Вардар и скокна во него - вели соговорникот.   

Крадецот бегалец набргу стигна до Мало мовче, но од ладната вода на  Вардар почнал да бара помош. Друг сведок кој бил кај мовчето раскажа што таму се случувало.

Слушнав викање помош, помош. Во мракот не се гледаше кој и каде е, но гласот доаѓаше од реката. Го слушна друг минувач и се симна до брегот, сакаше да скокне да го вади, но давеникот беше близу и со помош на една даска  која му ја даде човекот, тој се фати и излезе на брегот - вели друг сведок на настанот. 

Таму веќе била полицијата и екипа на Итната помош а дежурниот доктор му дал прва помош. Сведоците тврдат дека крадецот бегалец бил снажно лице, развиен.   Од МВР за настанот информираа дека случајно е расчистен, без многу детали. 

На 03.01.2020 во 19.05 часот во СВР Велес Т.Ќ.(45) од Велес, вработен во продажен објект на ул.„Страшо Пинџур“ во Велес, пријавил дека околу 18.30 часот едно лице влегло во објектот и одзело пари. По преземени мерки од страна на полициски службеници од СВР Велес бил пронајден А.К.(45), со него бил извршен разговор и случајот е расчистен - информираа од МВР

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »