речник контакт

Улични графити, како уметност осамнаа низ Велес (фото)

Во Младинскиот парк, подвозникот кај Мало мовче, младите велешани го разубавуваа градот

Петар Печков

На неколку простори во Велес осамнаа мурали, кои се нацртани на јавните површини во градот. Во Младинскиот парк, подвозникот кај Мало мовче, младите велешани на овој начин го разубавуваа градот. Муралите инспирирани од уличната уметност  ги освежија сивите ѕидови или пак ги прекрија грдите пораки напишани на нив. 

Со овој нашчин  на суптилен начин ги оживуваме просторите, внесуваме, се надеваме,  пријатни промени на околината и преку безименост сведочиме за креативниот потенцијал кој го има Велес, Овој проект покажува дека галериите и музеите не се единствените места во кои може да се изложи и види уметност, туку дека во градот постојат и ѕидни површини кои совршено може да послужат за истата намена -рече Александра Алексовска еден од оргнизаторите на проектот.

Групата ја сочинуваат 20-тина  група млади велешани, студенти од различни факултети и со уште толку различни сфаќања, начини на изразување, желби, а она што ги спои да работат заедно е потребата да внесат “креативен дух во нашиот град Велес”.

Свесни сме за различниот вкус на луѓето, за добрите и лоши критики кои може да ги добиеме. За тоа дека еден мурал ќе биде посимпатичен од некој друг, а сепак повеќе се надеваме дека со малку боја и промена јавните простори ќе бидат попријатни за сите во градот. Сепак, јавниот простор е токму тоа – јавен и за сите. Го гледаме како почеток во кој граѓаните многу повеќе ќе се грижат за него и за тоа како се уредени истите. Се надеваме дека нашите мурали ќе ја видат „муграта на новиот ден“, дека врз нив нема да заскита некоја партиско-политичка парола, дека нема да бидат „исчезнати“ преку ноќ - додава Марија Ковачки.

 Интересно било искуството со кое се сретнале додека работеле, иако бил дождлив ден.  Имало секакви реакции, најчесто слушале „браво бе деца!“. Бабичка која ги видела од спротивната страна на Вардар, како работат кај подвозникот на Мало мовче, трчајќи дошла до нив, некој да не го уништува ѕидот. Кога видела што се случува ги охрабрила и поттикнала да продолжат.  

Неколку десетици животни приказни поминаа покрај нас. На некои не им беше денот, на некои им се муабетеше, на сите им пречеше дождот, некои заборавиле чадор. Просторот и ѕидовите немаат моќ да ги запаметат сите нив. Но тие сосема ги меморираа формите, боите, облиците на нивниот јавен простор. Колку всушност ќе има влијание ново- обоениот ѕид. Нови само затоа што група млади решија да излезат од “калапот” и да подарат дел од својата енергија на градот, енергија која се надеваме ќе се шири и ќе поттикне на многу други уште покреативни и позначајни потфати - објаснуваат младите велешки креативци.

Проектот е поддржан од УСАИД, Младинскиот Образовен форум и Општина Велес.  

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »