речник контакт

Уписот според условите од првиот рок

Уписот во прва година на албански јазик во велешката Гимназија ќе остане според условите од првиот рок, најавуваат од оваа образовна институција. Иако Наставничкиот совет и директорката имаат можност да ги намалат поребниот број на поени, во случајот 60, тоа не е сторено, по барањето на родителите на децата албанци кои сакаа да се запишат.

Петар Печков

- Гимназијата како најстаро средно училиште  во земјава ќе го задржи своето ниво. Какви ќе биде условите за сите  ученици, такви ќе бидат и за децата кои сакаат да учат на албански, затоа нема за едни на ги намалувам потребните поени а за други не – изјави директорката Стефка Богоевска. Ова доаѓа по реакциите на родителите на децата албанци кои годинава за прв пат треба да го продолжат образованието на мајчин јазик во Гимназијата. Во првиот уписен рок беа примени 20, 10 отфрлени поради послаб успех. За истата паралелка да профункционриа потребно е да се запишат минимум 25 ученика а во велешко годинава завршија 64 осмоодделенци во Бузалково и Горно Јаболчиште.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »