речник контакт

Упис на Скопскиот Универзитет

Оценките од средно ќе бидат пресудни за упис на идните бруцоши на „Свети Кирил и Методиј“. Во новиот правилник стои дека од успехот во средно се добиваат најмногу, 60 поени, а по 20 од двата предмета значајни за соодветната студиска програма.

Аница Солева

Оценките од средно ќе бидат пресудни за упис на идните бруцоши на „Свети Кирил и Методиј“. Во новиот правилник стои дека од успехот во средно се добиваат најмногу, 60 поени, а по 20 од двата предмета значајни за соодветната студиска програма. Онаму каде конкуренцијата ќе биде голема, ќе има тестирање на кандидатите, па овие поени ќе се додадат на претходните. Доколку и тогаш ист број на кандидати се со исти бодови, селекцијата само за нив ќе има на 25 август. „Доколку се јават поголем број од пет кандидати со ист успех, без оглед дали е тоа од средно успех со оние два предмети или е успехот од средното образование плус успехот од приемниот испит, тогаш се воведува дополнително тестирање, дополнителна проверка на поединци“, рече Зоран Велковски, прор?ктор за настава на „Свети Кирил и Методиј“ - Скопје. И на специфичните студиски програми, како уметничките, од успехот се добива максимум 60 поени, а за останатите 40 пак пресудни ќе бидат бодовите од проверката на компетенциите. И оваа година на Скопскиот Универзитет ќе остане истата цена за студирање. Извор: [url=www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=59116]А1[/url]

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »