речник контакт

Управител на две фирми затаил 6,7 милион денари

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за В.О. даночно затајување

Петар Печков

Управата за финансиска полиција соопшти дека до Основното јавно обвинителство Велес поднело кривична пријава против лицето В.О. од Росоман во својство на управител на правните лица ТД АДО 95 од Сирково  и ТД ГАЦО КОМ од Росоман, како и против правното лице ТД АДО 95 и правното лице ТД ГАЦО КОМ, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело даночно затајување .

Прво пријавениот В.О. во својство на управител на правните лица ТД АДО 95 и ТД ГАЦО КОМ, во периодот од 1-ви јануари .2016 година до денес, со цел да се стекне со противправна имотна корист, во име и за сметка на второ пријавеното правно лице ТД АДО 95 и трето пријавеното правно лице ТД ГАЦО КОМ, во завршните сметки за 2018 година прикажал невистинити податоци, односно, не извршил отпис на ненаплатените побарувања од купувачите кои се постари од три години, и тоа за второ пријавеното ТД Адо 95 во износ од 43.103.393,00 денари, за трето пријавеното ТД Гацо Ком во износ од 23.783.183,00 денари со што не ја зголемил добивката во однос на непризнаени расходи за даночни цели, за кои износи не пресметал, не пријавил и не платил Данок на Добивка во износ од 4.310.339,00 денари за второ пријавеното правно лице ТД Адо 95 и износ од 2.378.183,00 денари за трето пријавеното правно лице ТД ГАЦО КОМ пишува во соопштението  од Финансиската полиција.

Со претходно наведените дејствија, според финансиската полиција  пријавените лица го оштетиле Буџетот во вкупен износ од 6.7 милиони денари.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »