речник контакт

Управниот одбор одлучи ГРК Борец да се откаже од Супер лигата

Причина е што нема средства за да се натпреварува во највисокиот ранг

Петар Печков

На прес конференција претседателот на УО на ГРК Борец информираше дека се откажуваат од натпреварите во Супер лигата. Причина било немањето средства.   

Поради немање на  средства за настап во Супер лигата, ГРК Борец излегува од ова натпреварување, на маса.   По заслуга на  Советот на Општина Велес и градоначалникот, кој не даваат повеќе од 125 илјади денари месечно. Тие не се доволни за настап во најквалитетното друштво, не се ни 50 отсто од потребите. Штета  е што  мораме да се преселиме во понизок ранг, не според пласман туку административно. Баравме помош од секаде од повеќе фирми, не добивме од никаде спонзорство,  секаде беше негативно. Дури еден ни кажа дека  го помага ФК Борец - рече Ристо Велковски, извршен директор на ГРК Борец.  

Тој потсети дека ваква своевремено бил избришан и женскиот ракометен клуб, откако го направил најдобриот клупски резултат.  Стравува да не се случи исто на машкиот ракометен клуб. Од РФМ поставиле услов  до денес напладне клубот да се изјасни што планира. Доколку клубот  се откажел од натпревари во следните денови, постоела можност да биде казнет парично, три години со  неиграње и  враќање во најнизок ранг, Втора лига.       

Градоначалникот Аце Коцевски кој беше прозиван дека не одобрувал доволно средства  за натпреварување на ГРК Борец во Супер лига рече дека жали за одлуката на УО да се откажат од најквалитетното ракометно друштво.  

Во четврток ќе има средба со велешките стопанственици каде претставник од УЈП ќе им ги објасни законските можности каде да се вложува добивката, без данок. Ова го правам по втор пат се со цел  бизнисмените да знаат  дека можат да вложуваат во спортот а да не плаќаат даноци. Одлуката за откажување е избрзана оти во текот на вчерашниот ден  најдов два спонзори,  кои ќе ги финансираа во ГРК Борец до крајот на сезонава а потоа со нов поголем  Буџет  да се натпреварува како стабилен суперлигаш - рече Коцевски. 

Минатата сезона Супер Лигата броеше 9 екипи, оти Млаз од Богданци се откажа пред почетокот на натпреварите. 

АНКЕТА »

Дали попустите за „Црниот петок“ ги оправдаа очекувањата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »