речник контакт

Условна затворска казна за диспечер кој заборавил да јави дека возот сообраќа, па преминот останал необезбеден

Инцидентот се случил на 30 ноември лани на преминот кај Стар мост

Петар Печков

 Скопјанецот Ристо К.  како диспечер во железница доби условна казна затвор, затоа што заборавил да  јави дека доаѓа воз па не била спуштена рампа во Велес,  и за влакно е избегната несреќа. 

Во Основниот суд во Велес обвинетиот беше осуден за кривичното дело ,,Несовесно вршење надзор на сообраќајот,, за што доби условни шест месеци затвор ако во наредните две години направи било какво друго кривично дело.  Инцидентот се случил  на 30 ноември лани, околу 10,30 часот, на железничкиот премин Стар мост на пругата Велес - Гевгелија. 

Обвинетиот како одговорно лице - дежурен ТК диспечер во  Центарот за далечинско управување и регулирање на железнички сообраќај - телекоманда,  тој ден раководел со железничкиот сообраќај на релацијата Велес – Гевгелија. Ристо К.  го отпремил  меѓународниот товарен воз од станицата Згрополци кон станицата Велес но не го пријавил  на чуварот на  патниот премин Стар мост.  Поради тоа преминот не бил обезбеден а чуварот и не ги спуштил рампите.

Според редовна процедура на работење пред товарниот воз да се пушти од железничката станица Згрополци  дежурниот диспечер требало да јави дека возот заминува и за да може шест  минути пред  неговото доаѓање  железничарот да го обезбеди патниот премин со спуштање на рампите. Во тие моменти околу 10,30 часот  необезбедениот премин го преминувал автомобил марка Форд Мондео, а патниците во него к имале среќа што за секунди избегнале удар од возот кој сообраќал со 54 км/ч.

Обвинетиот  Ристо К. се бранеше  дека поради зголемен број на обврски пропуштил на чуварот на патниот премин Стар мост да му јави дека возот  веќе заминал од железничката станица  за да може тој да ги спушти браниците и да го обезбеди  преминот од поминување на патнички возила и пешаци. 

Двајцата преплашени патници од автомобилот кои секунди ги делеле од најлошото, се здобиле со психички стрес и трауми. Сведоците на настанот многу драматично го опишаа инцидентот, бидејќи освен автомобилот имало и многу пешаци кои минувале преку преминот и тие панично врескале и бегале.

Чуварот на забревтаниот воз му сигнализирал со црвено знаме да застане, но тој поради брзината морал да кочи стотина метри. За ова диспечерот Ристо К доби условна затворска казна, која не е правосилна, обвинителството најави жалба.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »