речник контакт

Успешен старт на мото крос првенството а велешките мотористи

На првата мото крос трка годинава четири места на победничкото постолје за МК Мото Велес

Петар Печков

Велешките  мотористи од МК  Мото Велес  освоија    четири места на победничкото постолје, на првата мото крос трка годинава,  едно прво, две втори и едно трето место. Таа се возеше на патеката Забел, кај Старо Нагоричане – кумановско.  

Атанадиос Папаниколау Грк, кој есенва ќе вози за велешкиот клуб  во класата МХ 450  беше втор, откако по двете возење во првото го освоил првото место а во второто возење второто место. Според велешани причина што  и покрај доброто возење бил втор, е пократката втора патека која ја извозел Папаниколау.  Тој вози и за велешкиот клуб и настапува во Грчкото државно првенство.  

Во класата МХ2 двоен успех за велешани, Драган Ванов втор а Виктор Караколев трет. Победил фаворитот, битолчанецот Станковиќ.  

Во класата МХ 85 најмладиот член на МК Мото Велес, Самир Бишевац од Оризари и остварил убедлива победа.

Во генерален пласман, на крајот од трката  МК Мото Велес е второ пласиран, зад  МК Ноќи волци од Скопје. Од клубот додаваат дека  иако не се така финансиски моќни како останатите клубови и немаат своја мото крос патека,  имаат одлични резултати,  без поддршка од институциите. 

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »