речник контакт

Успешна зделка на Брако вредна 20-тина милиони евра

Компанијата Брако склучи договор вреден 20-тина милиони евра со светски познатата фирмa Хендикеар и Ромедик, шведско –данска корпорација со кој велешкото друштво ќе ги снабдува со медицински помагала.

Петар Печков

Оваа зделка  успеала во конкуренција на повеќе производители од Азија,  велешката компанија да ја добие работата нудејќи европски квалитет по кинески цени, како и испорака до три дена до секое европско одредиште, од денот на порачката.

Договорот е со вредност од 3 до 5 милиони евра годишно за следните пет години, со кој финални производи произведени тука кај нас, во нашите капацитети, преку водечката  светска компанија во медицински помагала, ќе се  продаваат на Европскиот, Јапонскиот и Американскиот пазар. Со ова Брако стана дел од светскиот бренд Хендикеар и Ромедик.  За да се успее во ваква светска конкуренција , мора да се откаже од висок профит  – изјави Кочо Анѓушев извршен директор на АД Брако од Велес.

Освен што оваа фирма ќе биде производител, таа стои комплетно во развојот на медицинските помагала наменети за хендикепираните  и инвалидизирани лица, од нејзиниот цртеж, реализацијата, пакувањето  и транспортот на производот. Брако продолжува и натаму со изработка на медицински намештај, со што е единствен на Балканот.

Раководството на компанијата се пофали дека претходно завршила друг голем добиен тендер, вреден 4,5 милиони евра, со кој државна мобилна телефонија на Косово ја снабдила со 200 базни мобилни станици. Брако вработува 370 лица, извезува во 21 држава во светот, 50 отсто од извозот е во земјите на ЕУ,  а има свои две фабрики за жичана програма во Видин Бугарија и Панчево Србија.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »