речник контакт

Успешно гостување на фолклорната секција „Јекипе“ во Битола

Во тек со своите редовни активности за ширење на културниот активизам помеѓу младите Роми во Велес, како и афирмирање на изворната ромска култура и наследство, подолг период делува фолклорната секција „Јекипе“ од Велес.

Аница Солева

Во тек со своите редовни активности за ширење на културниот активизам помеѓу младите Роми во Велес, како и афирмирање на изворната ромска култура и наследство, подолг период делува фолклорната секција „Јекипе“ од Велес.

И покрај сите потешкотии на финансиски, материјален и просторен план, оваа група во континуитет остварува успешни настапи како во својот роден град, така и пошироко.

Последен од низата е настапот на 5-тиот традиционален ромски фолклорен фестивал „Баир Фест“ кој се одржа на 17.05 во Домот на култура Битола.

Освен велешани, настапија и следните друштва

- Домаќините „Ромален Баир“ - Битола
- „Рушит Шакир“ - Куманово
- „Шукарипе“ - Кочани
- „Романи Шукарипа“ - Прилеп
- „Тернипе“ - Тетово
- „Јени Мале“ - Битола
- „Илинден“ - Битола

Не треба да се потенцира успешноста на настапот на „Јекипе“ од Велес, а малата Мелиса Сулејманова повторно доби награда за најдобра играорка.

Натамошни планови на оваа фолклорна група е продолжување на успешноста, нови кореографии. Тоа секако е условено и со подобрување на материјалната основа и финансиска помош за работа, што би значело повеќе гостувања, обнова на носија, редовни проби.

Извор: Фолклорна група „Јекипе“

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »