речник контакт

Утврден редоследот на избирачкото ливче за парламентарните избори

Државната изборна комисија денеска го утврди редоследот на коалициите и политичките партии на гласачкото ливче, за предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, кои ќе се одржат на 5 јуни.

Петар Печков

Нова демократија на гласачкото ливче ќе го носи бројот 1, број 2 е Партијата на Обединети демократи за Македонија - ПОДЕМ, број 3 - СДУ, 4 - ДУА - Демократска унија на Албанците, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде петта, ВМРО-НП број 6, ДУИ - 7, ДПА - 8, Достоинство - 9, коалицијата предводена од СДСМ - 10, НДУ - 11, ЛДП - 12, СДПМ - 13, Демократска десница - 14, Европска партија на Македонија - 15, ПДП - 16, НДП - 17 и Обединети за Македонија ќе биде 18. на гласачкото ливче.

Според последните измени на Изборниот законик, предвидено е коалициите и партиите да имаат ист реден број во сите изборни единици каде имаат свои листи.  партиите и колаициите кои нема да бидат присутни и имаат свои кандидати во одделни изборни единици, тие бројки ќе бидат празни. Во ИЕ 3 има 12 пратенички листи.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »