речник контакт

Утре, вторник почнува Рамазан

Рамазан е најважниот и најсветиот месец на исламската вера.Месец дена муслиманите постат

Петар Печков

Рамазан е најважниот и најсветиот месец на исламската вера. Тоа е деветтиот месец од муслиманскиот лунарен календар. Рамазан е најсветиот месец во исламот во кој е објавен Куранот во 610 година. Бајрам е празник кој го слави духовното и телесното прочистување.  Се верува дека во текот на тој месец светата книга – Куранот му бил откриен на Архангелот Гаврил, кој потоа му го пренел на пророкот Мухамед.

Рамазан е време на пост, молитва, солидарност и милост, во кој муслиманските верници целодневно се воздржуваат од конзумирање храна, цигари, алкохол, но и од лоши мисли, идеи и дела. Постот почнува со изгрејсонце (суфур) и трае до зајдисонце (ифтар). Јадење и пиење се дозволени во текот на ноќта. Од пост се ослободени децата, бремени жени, доилки и болни.

Рамазан е еден од петте столба на исламот. Останатите се верата, молитвите, поклонението и давањето милостина. Тоа е месец на добрина, милост, љубов и простување.  Верувањата се дека кога ќе дојде празникот, портите на џенетот (рајот) се отвораат, портите на џехенем (пеколот) се затвораат. Во сите 30 дена задолжителен  е постот  и тоа е еден од столбовите на исламот.

Подразбира потполно воздружување од јадење, пиење и телесни задоволства од зората до заоѓањето на сонцето, во наредните 30 дена. Од ова се ослободени болните, бремените жени, патниците и  работниците на тешки физички работи. Во овој период муслиманите се воздружуваат и од лоши зборови,заради прочистување и на   секој човек за себе.

По рамазанската вечера, после молитвата теравија, се организираат  седенки секоја вечер кај различен домаќин. Рамазанскиот пост завршува  кога се појавува младата месечина. Годинава тоа е 8-ми август, кој е државен неработен празник за сите граѓани на Македонија.

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »