речник контакт

Утрово по 40 дена застој тргнаа возовите кон Гевгелија, саниран е мостот на Црна

Двете железнички компании Инфраструктура и Транспорт за овој период забележале 1,2 милиони евра загуба

Петар Печков

Железничкиот сообраќај на релацијата Велес - Гевгелија од утрово е повторно воспоставен. За Гевгелија замина патничкиот воз во 7,22ч а подоцна и неколку товарни возови. Откако поради оштетување на бетонскиот мост на реката Црна, кое се случи на 29 септември,  сообраќајот беше во прекин, мостот е саниран и сообраќајот нормализиран. За 40 дена колку што траеше прекинот Македонски Железници  Транспорт и Инфраструктура заедно бележеа загуба.

Грубата пресметка е дека за овој период,  загубата на двете компании е 1,2 милиони евра.  Успешно е извршена санацијата на бетонскиот железнички мост. Преземени беа радикални мерки   на санација на средниот столб. Со ова може да се сообраќа на пругата од Велес до Гевгелија.  За почеток ќе се вози на овој мост со намалена брзина од 20 км/ч. и доколку нема промени на мостот сообраќајот ќе се одвива стандардно - изјави Владимир Трајковски помошник  на  директорот  во МЖ Инфраструктура. Тој повтори дек причината за оштетувањето на мостот на реката Црна е нејзиниот енормен дотек на 29-ти септември во претпладневните часови. На прашањето од каде е таа вода, за што јавноста не доби одговор месец и повеќе,  не можеше прецизно да  одговори.    

Претпоставуваме дека е од испуштање од водите   од Тиквешкото езеро. Но  ЕЛЕМ не информираа дека  енормната количина  на вода е дојдена  од  притоките на река Црна, не од Тиквешко езеро. Ќе биде потребна експертиза за да се констатира што се случило тој ден - додаде Трајковски.

За превентивно да не дојде до оштетување на мостот поради силен доток на  Црна, на реката се создаде земјена брана, која треба да го амортизира ударот на надојдените води по столбовите  на мостот.  Тој беше спуштен поради оштетување на носечниот столб во висина од 65 цм, резултат на надојдената река Црна.   Санацијата беше изведена од стручни лица на Градежен факултет Скопје а ја изведе фирмата ,,Синтек,, од Скопје. 

Со пробно  товарење на мостот, го завршивме процесот на негова  санација. Резултатите се одлични  се совпаѓаат со тоа што го имавме и пресметковно, така што мостот може да биде пуштен  во редовна употреба. Имавме специфично решение за зајакнување и санација на  оштетениот столб. Решението е врз основа на расположливата   технологија во државата како и на кратките на рокови на санација - кажа проф. др.  Горан Марковски од  катедрата за бетонски мостови при Градежниот факултет во Скопје.   

Одговарајќи на новинарско прашање дал е потребна изградба на нов мост, Марковски кажа дека  санацијата може да биде трајно решение а за конечен одговор потребна  бил подетална истрага на целата конструкција. 

Во овој период од 40 дена, колку што не се одвиваше железничкиот сообраќај на релацијата Скопје - Солун загуби поради зголемени транспортни трошоци и ненавремена испорака на договорени производи, бележеа македонските фирми. Тие како алтернативно решение за пристап до Солунското пристаниште ги користења камионите за увоз и извоз на стоката. Во истиот период транзитниот товарен сообраќај  за земјите од Централна Европа, наместо низ Македонија се одвиваше преку Бугарија.  

АНКЕТА »

Дали треба и натаму летно и зимско сметање на времето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »