речник контакт

Ученик скокнал од прозор и тешко се повредил

Четиринаесетгодишникот е пренесен на Клинички во Скопје поради тежината на скршеницата на потколеницата

Петар Печков

Ученик во велешкото основнo училиште ,,Панко Брашнар,, скокнал од први кат  и тешко се повредил. Инцидентот се случил средата  утро, пред почетокот на наставата, кога детето по инаетење со друго од одделението, дека (не)може да скокне, рипнал од пет метри височина. При падот на бетонската подлога, четиринаесет годишникот  се здобил со скршеница.

Во СВР Велес е  пријавено дека во основното училиште „Панко Брашнар“, при игра со соученици, од прозор на една од училниците на првиот кат, паднал ученик од 9-то одделение. Притоа, детето се здобило со тешка телесна повреда и било пренесено во болницата во Велес за укажување лекарска помош - информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Додава дека се работи на расчистување на случајот. 

Од ЈЗУ Општа Болница Велес информираа дека утрото околу 8 часот бил примен пациент, кој имал  повреда при пад од височина.

Кај детето е констатирана скршеница на потколеница и поради можноста за компликација, откако му е дадена  неопходната помош и терапија, пратено е на Клинички во Скопје -информираа од ЈЗУ Општа Болница Велес.  

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »