речник контакт

Учениците на распуст, заврши наставната 2019-2020, која три месеци беше во вонредни околности

Училниците останаа празни од 11 март поради опасност од ширење на заразата со корона вирусот. Во велешко на распуст заминаа 6.469 ученика

Петар Печков

Денес 10-ти јуни, заврши наставата во учебната 2019/20-та година, без вообичаенаа еурофија и разделба. Во велешко тоа е крај за образовниот процес  за 6469 ученици од средното и основното образование. Во петте основни училишта  во општината настава следеа 4446 основци меѓу нив и 43 деветто одделенци и 2023 ученици од средното образование  со 419- матуранти.

Ќе остане забележано дека наставата  за првпат се одвиваше  во вонредни околности и надвор од училишните клупи кои останаа празни од 11 март поради опасност од ширење на заразата со корона вирусот.

Наставата три месеци се изведуваше од далечина и онлајн, а со владините уредби со законска сила  се овозможи и правна основа е-наставата до крајот на учебната година да се смета за формална т.е. соодветна замена на класичната настава во училиштата.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »