речник контакт

Учениците од Горно Оризари со награда на меѓународен натпревар за Планетата Земја

Учениците од третто одделение од Основното училиште Рајко Жинзифов од велешкото село Горно Оризари го освоија третото место

Петар Печков

Учениците од третто одделение од Основното училиште Рајко Жинзифов од велешкото село Горно Оризари го освоија третото место на  европскиот натпревар  „Land Art“, организиран од Глобалното климатко движење 350.org и асоцијацијата Messzelato.

Тие со нивниот „Земјен часовник“, изработен од природен материјал цвеќе, земја, карпа, вода а кој покажува дека е пет до 12 за планетата земја успеаја да го обојат жирито на оваа манифестација. Пред нив се пласираа ученици од Русија кои беа први и Унгарци кои го заземаа второто место.

Како награда учениците со одговорната наставничка Лила Арсова ќе учествуваат на еднонеделен еко-камп во Унгарија а нивното дело ќе биде изложено и ќе го видат највисоките светски државници на Меѓународната конференција на Обединетие нации која ќе се одржи при крајот на годинава, во декември во Копенхаген, Данска а ќе биде посветена на климатските промени. На овој натпревар учествуваа стотина учесници на возраст од 10 до 18 години од седум држави во Европа, Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, Романија, Русија и Македонија. Целта е да се подигне свеста од затоплувањето и климатските промени на планетата Земја.

\"\"

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »