речник контакт

Учениците од село Сливник не влегоа на првиот училиштен час

Сите ученици учат во една училница

Петар Печков

Стотина ученици од селото Сливник, велешко, не влегоа на првиот час. Тие заедно со нивните родители останаа до дворот на зградата. Ова е револт поради неисполнетите ветувања од пред една година, дека ќе добијат нова зграда.

Децата не ги пуштаме да учат во ваква руинирана зграда.  Ние само сакаме нормални услови за учење на нашите деца како останатите. Господинот Сафет Незири, тогашен заменик министер за образование, во септември лани  лично вети дека децата во учебната 2014/2015 ќе учат во нова зграда. Досега нема ништо, никаков одговор Затоа  децата дома ќе седат,  ама нема да одат на училиште, рече претседателот на Совет на родители, Џафер Јонуз.

Минатата година во овој период имаше реакции на родителите. Тие се заканија дека децата нема да ги пуштат на настава ако не се реновира зградата. Учениците од сите одделенија учат во една училница.  Тогаш беа реновирани санитариите, по што бојкотот беше прекинат.

Минатата година земникот министер за образование, им вети на родителите дека оваа година ќе имаат нова училишна зграда, но тоа ен с е случи. Во текот на летото надлежното министерство беше запознаено со овој  проблем, и од таму добив одговор дека средства за ова училиште ќе бидат наменети со Буџетот за наредната година. Ние како  локална власт со нашите можности, ќе видиме што можеме да помогнеме – рече Славчо Чадиев, градоначалник на Велес.

Училиштето во село Сливник е подрачно на ОУ Васил Главинов од Велес.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »