речник контакт

Учениците од ОУ Блаже Конески победија на регионалниот ППЗ квиз

Филип Јованов,Вероника Гијовска и Марија Недева под менторство на наставникот Ристо Трајковски. ќе учествуваат на државниот натпревар

Петар Печков

Учениците од ОУ Блаже Конески од Велес, победија на регионалниот квиз за противпожарна заштита. Тие завчера во Неготино покажаа најмногу знаење  и беа прогласени за победници, во конкуренција на екипи од основни училишта од Гевгелија, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Битола, Прилеп, Крушево.    

Тие претходно победија иа општинскиот натпревар.  Екипа на ОУ Блаже Конески беше во состав    Филип Јованов,Вероника Гијовска и Марија Недева под менторство на наставникот Ристо Трајковски .

Со  ова тие обезбедија учество на државниот натпревар. На регионалниот натпревар во Неготино во конкуренција на средни   училишта, учениците  од хемиското  училиште ,,Димитрија Чупоски,, го освоија второто место.  

АНКЕТА »

Дали ФК Борец 1919 ќе го мине баражот и ќе влезе во Прва лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »