речник контакт

Училишни фотографии стари еден век и повеќе

Фотографирање на учениците во велешко има вековна традиција

Петар Печков

Традицијата на училишните фотографирања е долга век и повеќе. Ова може да го потврдат фотографиите до кои дојде ТрМр  а  кои се  наоѓаат во семејните албуми на  велешани. Две од нив се мошне стари едната е од 1914-та а втората е нешто ,,помлада,, за некоја година околу 1918/19 година.

На првата се гледа и датумот дека е фотографирана 6-ти јуни 1914-та и која е сопственост на Оливера Ѓоргиева а на фотографијата е нејзиниот дедо Трајко Карабуништанов татко на мајка и. Втората фотографија од  1918 година  сопственост на фамилијата Алачови , исто така од Велес и на неа е фотографиран и Коста Солев (втор од лево во прв ред).

Двете фотографии се од тогашното,,турско школо,, денес Св. Кирил и Методиј и двете на т.н. машки одделенија, бидејќи тогаш машките деца  и девојчињата учеле башка, одвоени едни од други. Третата фотографија е од завршувањето на учебната 1944/45 од штотуку  слободниот Велес, повторно од училиштето Св. Кирил и Методиј,  но тука се забележува дека се учениците мешани и машки и девојчиња, нивна учителка била Слоботка Карабуништанова.  

Со истата учителка има фотографија од учебната 1947/48 година исто така од Св. Кирил  и Методиј од Велес.  И последната фотографија е од според тогашното рангирање трети клас –женски, денес седмо одделние,   велешка Гимназија, од учебната 1949/50 година. 

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »