речник контакт

Уште се чека на поставување на т.н. легнати полицајци на улиците каде беа отстранети поради асфалтирање

Градоначалникот верува дека ќе бидат вратени до Нова година

Петар Печков

До каде е постапката на монтирање на лежечки полицајци, праша на последната седница  советничката   Милица Ристовска Темелковска.

„Возилата на улици каде има ученици, се возат со поголема брзина од дозволената  и е потребно што поскоро да се вратат т.н. легнати полицајци, пред да биде доцна“ – кажа таа.

Ова нејзино прашање доаѓа откако градоначалникот пред два месеци најави дека т.н. легнати полицајци ќе бидат вратени, откако ќе заврши асфалтирањето, кое што заврши.

Тие треба да се вратат на ул. Алексо Демниевски библиотеката и кај Младински,  ул. Борис Трајковски кај ОУ Васил Главинов,  пред влезот во ОУ Блаже Конески и кај спортската сала на ОУ Панко Брашнар. 

И најавата беше дека ќе бидат унифицирани, како тие пред средното училиште Коле Неделковски и ќе бидат поставени пред пешачките премини,  а не некаде од гума, други од асфалат, трети од бетон.

„Издадени или добиени се сите непоходни документи. Неделава има закажано електронско негативно наддавање  за изведувач.  Очекувам дека до нова година ќе бидат поставени“ - одговори градоначалникот Колев.

АНКЕТА »

Дали сте задоволни од настапот на македонската ракометна репрезентација на СП?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »