речник контакт

ФБИ ги уништувал доказите за вонземјаните

Агентите на американската разузнавачка служба ФБИ преплавени со информации за летечки чинии, во текот на 40-тите години од минатиот век, рутински ги уништувале извештаите поради недостиг на простор, стои во документите кои ги обелодени ФБИ во својата документација на интернет под името Волт (Ваулт).

Петар Печков

Во меморандумот кој на 16 август 1949 година, на директорот на ФБИ Џон Едгар Хувер му го испратил неименуван агент на ФБИ од Сан Антониа, наведено е дека канцеларијата уништила извештаи за НЛО бидејќи доаѓале „во голем број“ и нивната содржина „не била интересна за ФБИ“.

„Истакнато е дека чувањето на извештаите многу брзо ги преполнило веќе полните датотеки“, стои во меморандумот.

Во многу интригантна порака испратена на 22 март 1950 година, специјалниот агент Гај Хотел, шеф на канцеларијата на ФБИ во Вашингтон, му испратил на Хувер информација за три „т.н. летечки чинии“, за кои очевидци тврделе дека паднале во Ново Мексико.

Според содржината на тој меморандум, агент за авијација чие име не е наведено, изјавил дека во таа област се најдени три летечки чинии, заедно со вонземски тела од екипажот.

„Во секоја летечка чинија се наоѓа тело кое личи на човечко, само што е високо еден метар, облечено во облека со метална боја, од многу добар материјал. Секое тело било во завои кои ги ставаат пробни пилоти“, наведено е во меморандумот.

Агентот што истражувал, според изјавите на очевидци навел дека летечката чинија паднала бидејќи била попречена од силен владин радар.

Хотел прецизираше и дека летечките чинии биле округли, со издигнат централен дел, со пречник од 15 метри.

Во вториот меморандум од 1947 година, испратен до шефот на ФБИ под назнака „итно“, било наведено дека во близина на Розвелт во Ново Мексико најден е објект за кој се претпоставува дека е летачка чинија.

Таа чинија, како што е наведено, била во форма на шестоаголник и личела на метеоролошки балон, но во телефонски разговор меѓу воените воздушни сили и канцеларијата, било истакнато дека претпоставката дека се работи за метеоролошки балон не е издржана.

Во друга прилика Едгар Хувер примил итна порака од агент на ФБИ од Солт Лејк Сити во која е наведено дека дошло до експлозија на „објект со сребрена боја“ на небото.

За таа експлозија забележана на 5 април 1949 година, известил и чуварот на военото депо во Орегон, кој тврдел дека видел како експлодирал сребрениот објект.

Обелоденувањето на тајните документи на ФБИ, наведува весникот, повторно ќе ги разбуди заговорниците на теории за заговор, за тоа дека владата ги криела податоците за постоење на вонземјани.

Текстот е превземен од Гардијан - Лондон

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »