речник контакт

ФК Борец го зголеми водството во Втората лига Исток

Пораз за футсал екипата на Велес и за фудбалерките, ракометарите елиминирани од Купот

Петар Печков

Фудбалерите на Борец 1919 во Неготино со 4:0 славеа над екипата на ФК Вардар, која беше претпоследна на табелата.  Головите за велешани ги постигнаа Ѓорги Ѓоргиев два и Марко Ѓоргиевски и Симеон Христов. Во следното коло на Градски гостува екипата на Саса, која ова коло му одзеде бод на фаворитот Тиквеш играјќи нерешено 1:1. Така сега разликата меѓу двете екипи од врвот е седум бодови предност за ФК Борец (56:49). 

Во Скопје во Чаир се одигра дербито во Првата футсал лига, во која новиот шампион КМФ  Шкупи  го победи постојниот КМФ Велес со 8:5 а полувремето заврши нерешено 5:5.  Разликата помеѓу двете екипи е 12 бода. Во последното коло следниот викенд во Велес гостува екипата на КМФ Астибо. 

Во женското првенство се одигра 19 коло, а велешанки гостуваа на   деветто пласираниот ЖФК Тетово 2017 од кого загубија со 8:1. И по ова коло се претпоследни со четири бода,   салдо кое може да го зголемат со победа викендов кога во Велес гостува последно пласираната ФК Плачковица од Радовиш која нема ниту бод.  

Младата екипа на ГРК Борец загуби во 1/8 финалето на Купот, од прволигашот Тиквеш  од Кавадарци со 40:31 (17:13). Средбата се играше во Скопје а домаќин на Купот беше екипата нa РК Бутел.

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »