речник контакт

ФК Борец одигра реми во Пехчево, сабота пред промоција во нов прволигаш

Пораз за фудбалерките и ракометарите

Петар Печков

Во 24-тото коло од Втората фудбалска лига Исток, ФК Борец одигра нерешено без голови во Пехчево, против  петто пласираниот ФК Кит-го.  Бидејќи и единствениот конкурент ФК Тиквеш од Кавадарци, во Штип против Брегалница играше без голови, остана разликата помеѓу велешани, кои се лидери и второпласираните кавадарчани седум бода 60:53. Во следното коло, сабота дома ФК Борец со победа против ФК Брегалница од Штип, која е трета со 48 бода и официјално ќе биде новиот прволигаш. Во претпоследното коло му гостуваат на ФК Кожуф во Гевгелија а во последното на Градски го пречекуваат ФК Тиквеш. Така по 18 години, откако во 2001-та излезе од Прва лига, повторно се враќа во елитата. 

Фудбалерките на ФК Борец на гостувањето во Битола, загубија со 0:7 (0:2) од екипата на Атлетико која е 11-та од 14 екипи. Во следното коло, младите велешанки,  на Градски ја пречекуваат екипата на ФК Кочани, која е десетта со 17 бода.

Ракометарите на ГРК Борец во шестото коло од разигрувањето за опстанок, загубија од РК Вардар Јуниор со 39:29 (21:12) кој е трет со 24 бода. Јуниорскиот состав на велешани е без бод. Во следното коло во салата Гемиџии доаѓа екипата на РК Охрид 2013. 

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »