речник контакт

ФК Борец со пресврт до победа во Кавадарци и второто место на Втора лига Исток

Кошаркарите на Борец баскет со пораз го завршија првенството во Третата лига

Петар Печков

Со победа и три бода се вратија фудбалерите на второлигашот Борец 1919 од Кавадарци, каде во саботата славеа со 1:3 против  екипата на Тиквеш. По водството на домаќинот во првите 45 минути од 1:0 со пресврт и головите на Ѓоргиев и Кудијан велешани дојдоа до славје. Домаќинот кој е петти даде силен отпор, кој беше скршен во вторите 45 минути.  Со оваа победа ФК Борец 1919  се врати на второто место, со 41 бод, еден повеќе од  Штипска Брегалница. Втрото место води во бараж за пополнување на Прва лига. Веќе утре, вторник се игра вонредното 23 коло а на Градски гостува екипата на Кожуф од Гевгелија која е четврта со 34 бода но со слабите резулати пролетва се откажа од борба за вторто место. И викендов велешани играат повторно дома против екипата на Плачковица од Радовиш.

Со последното 18 коло завршија натпреврите од Третата лига кошарка. Екипата на велешки Борец баскет со пораз од Партизан Мулти Шпед со 81:82. Скопјани кои се бореа за прво место иако победија останаа втори со ист број бодови како и лидерот Спорт Тим. Младите велешки кошаркари првенството го завршија на  6-то место со девет победи и исто толку порази и 27 освоени бода. 

АНКЕТА »

Дали попустите за „Црниот петок“ ги оправдаа очекувањата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »